Утрински Весник
Свет

Лавров: Западот ја користи Украина за ширење на светската доминација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека западните земји се обидуваат да ги мобилизираат сите други земји под нивно покровителство, користејќи ја ситуацијата во Украина како изговор.

За време на посетата на Саудиска Арабија, тој истакна дека сегашните процеси претставуваат пресвртница во светот, пренесува Спутник.

„Се формира мултиполарен свет, а нашите западни колеги, кои сакаат да ја задржат и прошират својата доминација, се обидуваат да ги спречат овие процеси“, рече рускиот дипломат за време на состанокот со генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка, Хусеин Ибрахим.

Можете да прочитате

Утре се одржуваат парламентарни избори во Данска

Експерт од ЕК: Во кризи, граѓаните мора да бидат подготвени 72 часа за справување додека не пристигне помош од владата

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја