Утрински Весник
Свет

Лавров: Западот се обидува да разгори пропагандна војна

Западот се обидува да разгори „пропагандна војна“ против Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Секогаш мораме да паметиме историски лекции. Дотолку повеќе што тие славни страници од нашата историја сега на Запад се обидуваат да извлечат, да пречкртаат се што е направено. „Тие едноставно се обидуваат да ги поистоветат победниците на нацизмот со криминалците и да не направат главни виновници за таа војна, да го избришат нацизмот на секој начин, да ја интензивираат манифестацијата на нацизмот во модерна Европа“, рече Лавров, објави Спутник.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?