Утрински Весник
Свет

Кучиња ги спасиле своите сопственици кои ги затрупала лавина во Швајцарија

Кучиња ги спасиле своите сопственици кои ги затрупала лавина во Швајцарија

Две лица затрупани од лавина во Швајцарија беа спасени откако нивните кучиња кои вознемирено и долго лаеле, го привлекле вниманието на планинарите кои поминале на тој пат и успеале да ги извлечат луѓето од снегот.

Лавината ги затрупала додека пешачеле во југозападна Швајцарија во долината Аверс во близина на италијанската граница.

„Нивните кучиња, кои не беа затрупани од лавината, успеаја да го привлечат вниманието на планинарите со упорното силно лаење. Таа група на луѓе се движеше низ истата долина, но не ја виде лавината”, соопшти службата за брза помош на Рега во изјава.

Околу 15-20 минути по упорното лаење, групата планинари веќе биле на местото на несреќата и ги забележале дланките на едната закопана личност, а другиот човек бил целосно затрупан.

Двете лица се здобиле со полесни повреди и лесна хипотермија, па биле пренесени во болница со хеликоптер, пишува Гардијан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Против мене се води судски поцес на Бајден

Сингапур: Полицијата уапси 319 лица за измама, жртвите оштетени за 6,6 милиони долари

Протести во Тел Авив за ослободување на заложниците: „Владата не знае што прави“