Утрински Весник
Свет

Курц со воздржана реакција за исходот од изборите во Германија

Курц со воздржана реакција за исходот од изборите во Германија
Dik 300x250 mk

Австрискиот канцелар Себастијан Курц одбегнал да го коментира историскиот дебакл на сестринските ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори во Германија, а ниту му ја честитал победата на изборите на канцеларскиот кандидат на СПД, Олаф Шолц.

Како што пренесуваат австриските медиуми, реакцијата на Курц во однос на ова прашање била воздржана.

„Исходот од изборите во Германија остава можност за разни констелации, а во наредните недели ќе се покаже кој ќе го постави канцеларот“, изјавил Курц за агенцијата АПА.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција