Утрински Весник
Македонија

Кумановското обвинителство поведе постапка против пет лица за прекршување на полициски час

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за пет лица за прекршување на полициски час.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Куманово пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, соопштија од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово побарал од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во износ од по 1.000 евра во денарска противвредност.​​ см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Драматично бегство од Полициската станица во Кочани – осомничен за дрога избега низ прозорец

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Левица: Додека инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ, Македонците ја губат можноста за сопствен дом