Утрински Весник
Спорт

Кризни решенија: Тотенхем го моли Почетино да го намали обештетувањето

Почетино: Прашањето за трансферите не треба да биде упатено кон мене (видео)

Лондон, 17 април 2020 (МИА) – Тотенхем го контактираше Маурисио Почетино во обид да постигне договор за намалување на компензацијата на стручњакот.

Иако Аргентинецот одамна не е тренер на Спарси, Почетино имаше договор со претседателот на клубот Даниел Леви да му ја исплати платата сè додека не најде нова работа.

Клубот од Западен Лондон сè уште одделува 8,5 милиони фунти од својот специјален буџет за плати, но финансиската криза предизвикана од пандемијата драматично ја менува ситуацијата. Клубовите се присилени да ги минимизираат трошоците, што го принуди Леви да го замоли Почетино да го намали обештетувањето.

Клубот, исто така, ќе се обиде да склучи договор и со штабот на Почетино, кој треба да добие дел од сумата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри