Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за лице од Јордан и службеници кои нелагално му обезбедиле македонски документи

Единицата за финансиски криминал поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Н.А. (28) од Ирбид, Јордан, поради сомнение дека сторил кривични дела поднесување лажни докази и употреба на исправа со невистинита содржина, како и Е.Ј. (50) од Скопје и И.Ј. (39) поради сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

„Првопријавениот Н.А. кривично дело го сторил на начин што како државјанин на Јордан во текот на јуни 2019 преку поднесување на лажни податоци дека наводно е син на македонската државјанка В.Ш. од Скопје, се стекнал со македонско државјанство, македонски единствен матичен број и извадил извод на родени, кој го употребил во постапка за добивање на македонска патна исправа. Истиот аплицирал за постапка за издавање патна исправа каде покрај останатите документи го приложил односно употребил и изводот за родени изваден од Управа за водење матични книги – Подрачно одделение Скопје.

Второпријавената Е.Ј., во текот на јуни 2019 година, во својство на службено лице матичар во Управата за водење матични книги – подрачно одделение Скопје, по приемот на Барањето за определување на единствен матичен број со податоци на првопријавениот Н.А., ја злоупотребила својата службена положба со неизвршување на својата службена должност и постапувајќи спротивно на чл.21 од Законот за матична евиденција.

Истата без да изврши проверка на точноста на поднесените податоци содржани во документацијата и без да направи дополнителни проверки и да ја утврди точноста на податоците, проследила Барање до Одделението за управни работи за определување на матичен број, со што го сторила кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување“, посочуваат од Обвинителството.

Третопријавениот И.Ј. во својство на службено лице виш референт-матичар, пополнил и доставил Барање за определување матичен број за првопријавениот Н.А. до Одделот за граѓански работи-Секторот за управно надзорни работи, без да ја провери точноста на поднесените податоци кое нешто како матичар бил должен да го стори согласно чл.21 од Законот за матична за евиденција.

И.Ј. го завел првопријавениот во Матичната книга на родени, преку својата шифра одредена од информатичкиот систем во Управата за водење на матични книги, ги внел податоците во електронскиот систем на Управата и на тој начин му овозможил да му биде изготвена и издадена македонска патна исправа, со што сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Можете да прочитате

Изречена казна затвор од една година во првата осудителна пресуда во Македонија за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација 

Приведен арамија од Кочани кој признал седум кривични дела и вратил дел од украдените предмети

Приведен крадец во Кавадарци