Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за лекар од Гостиварско кој издал лажни негативни ПЦР-тестови

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лекар од гостиварско Чегране, кој издал лажни негативни ПЦР тестови на лица на кои им биле потребни за патување во странство. За тестовите им наплатил по 1.500 денари.

„ Е.М.(45) се сомничи дека на 7 и 9 март, како лекар во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни ПЦР тестови, кои им биле потребни за патување во странство и им наплатил 3000, односно 1500 денари или вкупно 4500 денари.

Е.М., кој вчера (22.03.2021) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, a со кривичната пријава денеска ќе биде однесен пред Јавен обвинител“ соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија

Македонија дел од голема меѓународна акција: Разбиена мрежа за интернет измами, седуммина уапсени

Над 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка