Утрински Весник
Свет

Италија: Суспендираните лекари кои одбија да се вакцинираат го изгубија судскиот спор

Италија: Суспендираните лекари кои одбија да се вакцинираат го изгубија судскиот спор

Суспензијата на лекарите кои одбиваат да примат вакцина против коронавирус не е незаконска, пресуди италијанскиот суд во случајот на 10 лекари кои поднесоа тужба поради суспензијата.

Судијата на градот Белуно во Венето, Ања Травија, ја отфрли жалбата на 10 здравствени работници во два геронтолошки центри, кои беа суспендирани во февруари затоа што одбија да примат вакцина, објави „Кориере дел Венето“, пренесува „Гардијан“.

„Ефективноста на вакцината во спречувањето на негативниот развој на болеста предизвикана од коронавирусот е општо позната и драстично ја намалува стапката на смртност кај категориите на население, како што се здравствените работници или штитениците на геронтолошките центри“, наведува судијата во своето образложение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со бомби и артилериска муниција

Ден на Европа – чествување на европскиот мир и единство 

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор