Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за крадецот од Свети Николе кој провали во земјоделскиот факултет

Приведен тетовец кој бил баран со потерница

Полицијата поднесе кривична пријава до Обвинителството против 24-годишникот од Свети Николе, за кој минатата недела, полицијата информираше дека се сомничи за една тешка кражби на дрзок начин и една во обид.

Станува збор за лице со иницијали А.И., кое кривичните дела ги извршило на 11 февруари.

„Делата се извршени од 21.25 до 21.40 часот. Тој, на улицата „Трифун Хаџи Јанев“, одзел чанта со пари и лични предмети од оштетено женско лице, а на улицата „Архимедова“ , со употреба на физичка сила влегол во амфитетарот на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде извршил пребарување, но не одзел предмети“, велат од полицијата.

Истиот ден, околу 22 часот тој бил приведен и задржан во просториите на полициската станица каде го појаснил извршувањето на кривичните дела, а предметите пронајдени кај него се вратени на оштетената.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

ЛДП: Михаилова ни докажа дека во владата го изгубиле огледалото – ќе има ребаланс, па да им купиме едно за да се погледнат самите себе!