Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за две лица од охридско-струшкиот регион, кај нив било пронајдено оружје

Кривична пријава за две лица од охридско-струшкиот регион, кај нив било пронајдено оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на огнено оружје“ и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Н.(56) од Кичево и против А.А.(42) од струшкото село Франгово за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, информира МВР.

На 11.05.2021 година полициски службеници од ОКП и ОВР Струга на магистралниот пат Струга-Ќафасан извршиле преглед во патнички автомобил „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.А. и во него пронашле и одзеле еден пиштол марка „НК“ и 50 куршуми калибар 9 милиметри.

Тој предметите претходно ги добил при контакт со А.Н. остварен во близина на бензиска пумпа на магистралниот пат Струга-Кичево, известуваат од министерството.

Можете да прочитате

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Маж загина откако се превртел со трактор

Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства