Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за гостиварец, кој тепал и силувал жена во неговиот дом

Во Берлин уапсен сериски силувач со потекло од Србија

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување.

Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Објавени имињата на компаниите со лажни млечни производи во Македонија

Фетаи поднесе оставка откако со месеци не се појавил на работа

„Безбеден град“ регистрираше 28.494 прекршоци за еден месец – најмногу за брзо возење