Утрински Весник
Македонија

Кривична за тетовец кој нелегално проширил деловен објект на државно земјиште

Кривична за тетовец кој нелегално проширил деловен објект на државно земјиште

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 35-годишниот Б.А. од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Како што информираат од МВР, пријавениот во текот на 2020 година на тетовската улица „Д.Г.Кара“ во својство на инвеститор, на две катастарски парцели во сопственост на државата извршил изградба на монтажен објект, со што го проширил деловниот објект со вкупна површина од 48 метри квадратни, без да има соодветна дозвола, односно одобрение за градба.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!

Генералот Лафчиски учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар

Средба Шасивари – Бочек – 24info.mk