Утрински Весник
Македонија

Кривична за скопјанец поради криумчарење на 12 мигранти од Куба

Кривична за скопјанец поради криумчарење на 12 мигранти од Куба

Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против 47-годишен скопјанец со иницијали Ш.С. поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Пријавениот, на 31 август годинава прифатил 12 илегални мигранти од Куба со патничко возило „фолкаваген туран“ со скопски регистарски ознаки и организирал нивен превоз со четири различни такси возила до Гевгелија, при што на таксистите лажно им ја претставил фактичката состојба за статусот на мигрантите.

По преземени мерки, тој бил лишен од слобода и приведен во полициската станица Кисела Вода.

Можете да прочитате

Османи: Комунициравме со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме предвремени избори напролет

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието