Утрински Весник
Свет

Во Индија пронајдени 39 загинати под урнатините на зграда, меѓу нив и осум деца

Во Индија пронајдени 39 загинати под урнатините на зграда, меѓу нив и осум деца

При уривање на трикатна зграда во западна Индија во понеделникот загинале 39 лица, објавија денеска властите, кои сè помалку се надеваат дека ќе најдат преживеани.

Спасувачките екипи од Националните сили за катастрофи досега успеаја да спасат 20 преживеани од урнатините на трикатната зграда во Биванди, близу Мумбај. Екипите со помош на кучиња трагачи извлекле 39 тела од рушевините на зградата што се урна пред зори во понеделникот, изјави за новинарите портпаролот на службата за спасување.

„Пет лица сè уште се водат за исчезнати и потрагата продолжува“, рече командантот.

Еден од локалните официјални службеници прецизираше дека меѓу загинатите има најмалку осум деца.

Причините за катастрофата сè уште не се познати. Во Индија, уривањата на зградите се релативно чести меѓу јуни и септември за време на сезоната на монсуни, бидејќи обилните врнежи од дожд ги ослабуваат темелите на старите градби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск