Утрински Весник
Свет

Кремљ: Средбата Путин-Зеленски ќе зависи од модалитетите на договорот

Кремљ: Средбата Путин-Зеленски ќе зависи од модалитетите на договорот

Потенцијалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, со цел да се потпише договор за решавање на актуелната ситуација, ќе зависи од модалитетите на документот, кој допрва треба да се договори, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Сè ќе зависи од модалитетот на документот, за кој допрва треба да се договориме“, рече Песков на прес-конференција.

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак претходно изјави дека по завршувањето на работата на тој документ може да се организира средба меѓу Путин и Зеленски, потсетува руската агенција ТАС С.

Можете да прочитате

Тајфун ја погоди јужна Кина, евакуирани над 715.000 луѓе

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе

Напад на Парадата на гордоста во Берлин, едно лице загина