Утрински Весник
Спорт

„Кралот“ Таварез ја здроби таблата

„Кралот“ Таварез ја здроби таблата

Кошаркарскиот центар на Реал Мадрид, Валтер Таварез доминира во дресот на својата селекција – Зеленортските острови.

Ја предводеше својата селекција до победа против Ангола во првото коло на Африканското првенство со резултат 77-71 по продолженија.

Таварез мечот го заврши со 20 поени и 18 скока.

Два поени и еден офанзивен скок имаше на минута пред крајот кога успеа со забивање да ја скрши таблата.

Следуваше пауза за менување на конструкцијата, по што следуваше победата на „островјаните“.

Ако се прашувате кој е „мајстор“ за кршење табли и за „демонтажа“ на кошаркарски обрачи – легендарниот Шекил О`Нил:

> „Кралот“ Таварез ја здроби таблата <

Можете да прочитате

РК Охрид вечерва го игра првиот дуел од финалето во ЕХФ Европскиот куп

Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации