Утрински Весник
Македонија

Крадци фатени при обид за кражба во фабрика за марижихуана

Три лица се фатени на дело при обид за кражба во фабрика за производство на марихуана во струмичко.

Според информациите, синоќа во 23.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село ги уапсиле Р.К.(23) од село Дрвош, струмичко, С.Р.(21) и Б.А.(21) од Радовиш. Тие биле затекнати при обид да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана на место викано „Добрава“ во близина на село Сушица, струмичко.

Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите