Утрински Весник
Македонија

Кочанчанец тешко повреден со пиштол поради расправија за наводнување на нива

Кочанчанец тешко повреден со пиштол поради расправија за наводнување на нива
Img 5587

Во вечерните часови на 30 јули во Кочани бил усапсен 70-годишниот А.Д., кој со огнено оружје тешко повредил свој соселанец поради расправија за наводнување на нива.

Полицијата претходно добила пријава од Итната медицинска помош од Кочани дека околу 19:00 часот, на местото викано „Горно Подлошко“, во атарот на кочанското село Тркање, по расправија околу наводнување на нива, 70-годишникот со пиштол пукал кон 49-годишен соселанец.

Повредениот во болницата објаснил дека бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат. Тој се здобил со тешки повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.

При апсењето, полицајците од А.Д. одзеле пиштол „застава М70“ калибар 7,65 милиметри, празна рамка, куршум и лопата.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од полициската станица Кочани, од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Рамадани: Пендаровски има голема заслуга за напредокот на државата

Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување