Утрински Весник
Економија

Костадинов: Над 1.300 компании добија бескаматни кредити за справување со последиците од коронакризата

Костадинов: Над 1.300 компании добија бескаматни кредити за справување со последиците од коронакризата

Преку бескаматните кредити од кредитната линија Ковид 1 вкупно беа одобрени и исплатени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат над 6.500 лица, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Оваа линија беше наменета за компании од угостителската, туристичката и транспортната дејност кои беа и први погодени од кризата.

Со кредитната линија Ковид 2, како што информираше Костадинов, одобрени биле 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат вкупно 11.325 лица.

Со тоа, со двете кредитни линии поддржани се над 1.300 домашни компании.

„Она што е важно да се напомене е дека најголем дел од поддржаните субјекти се микро компании кои вработуваат до 10 лица, што во реалноста значи дека државата во најголем дел застана зад семејните, мали бизниси кои се есенцијата на нашата економија“, рече Костадинов.

Тој истакна дека подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки е при крај и реализацијата ќе започне во следниот период.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025