Утрински Весник
Свет

Косово воведе полициски час, влез во земјата со тест или сертификат

Косово воведе полициски час, влез во земјата со тест или сертификат
Dik 300x250 mk

Владата на Косово одобри нови мерки против Ковид-19, кои ќе стапат на сила утре, а една од главните е ограничувањето на движењето по 22 часот, пренесува Коха.

На седницата на Владата, премиерот Албин Курти рече дека институциите се должни да ги заострат мерките за да спречат понатамошно ширење на вирусот.

Според новите мерки, угостителските објекти ќе работат со скратено работно време – до 22,30 часот, и тоа само на отворено, а почетокот на новата учебна година се одложува за 13 септември.

Граѓаните што влегуваат во Косово ќе треба да достават доказ за вакцинација, ПЦР тест направен во последните 72 часа или серолошки тест направен во последните 30 дена, без оглед на националноста. Во спротивно, тие ќе мора да бидат во изолација седум дена.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија