Утрински Весник
Спорт

Коронавирусот го одложи натпреварот Хјустон-Оклахома

Вториот ден од почетокот на сезоната во НБА лигата, поради коронавирусот, одложен е натпреварот помеѓу Хјустон Рокитс и Оклахома сити Тандер.

НБА објави дека дошло до кршење на мерките и пропишаните протоколи во најсилната кошаркарска лига во светот.

Најпрвин, Џејмс Харден бил снимен во еден стриптиз-бар, со што г прекршил здравствените и безбедносните протоколи.

Веднаш потоа било утврдено дека тројца кошаркари на Хјустон се позитивни на коронавирусот.

Исто така во изолација биле испратени уште четворица кошаркари на Хјусотн, тие ќе ги чекаат резултатите од повторениот ПЦР тест.

> Коронавирусот го одложи натпреварот Хјустон-Оклахома <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец