Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Нетфликс“ го откри сценариото на „Вeштерот“ сезона 2

(Видео) „Нетфликс“ го откри сценариото на „Вeштерот“ сезона 2

„Нетфликс“ на Твитер ја објави првата страница од сценариото за втората сезона на драмската серија The Witcher („Вештерот“), а во неа пишува за Гералт, нови ликови и едно мистериозно чудовиште.

Сценариото открива вознемирувачка сцена во која се вклучени три нови лика – Колин Коперклот, неговата сопруга Кира и нивната ќерка Меена – и детали за семејството што пристига во напуштено планинско село. Доцна е навечер, а градчето е покриено со снег, без светла и без знаци на живот.

Тие се обидуваат да најдат засолниште во гостилница каде што ги напаѓа чудовиште.

Продукцијата за сезоната 2 имаше проблеми со повеќекратни запирања поради позитивни случаи на Ковид-19 во екипата, а и повреда на Хенри Кавил за време на снимањето.

Сезоната 2 на „Вештерот“ се очекува да започне на „Нетфликс“ во 2021 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

Дневен хороскоп за 28 април 2026 година

Славната пејачка ја подготвува „венчавката на годината“