Утрински Весник
Македонија

„Комуналец“ изврши целосно чистење и дезинфекција на ГТЦ „Глобал“

„Комуналец“ изврши целосно чистење и дезинфекција на ГТЦ „Глобал“

Струмица, 6 април 2020 (МИА) – Во соработка со специјализирана фирма за дезинфекција од Скопје ЈПКД „Комуналец“ изврши целосно чистење и дезинфекција и на ГТЦ „Глобал“, информираат од претпријатието.

– Покрај редовното чистење и дезинфекција на улиците низ општина Струмица, како и на зелените пазари, а следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот извршивме темелно чистење и дезинфекција на најголемиот трговски центар во градот, додаваат од претпријатието.

Градскиот трговски центар „Глобал“ е затворен од средината на минатиот месец. рт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка