Утрински Весник
Спорт

Колумбија со гол во 94 минута стигна до трето место на Копа Америка

Колумбија со гол во 94 минута стигна до трето место на Копа Америка

Фудбалската репрезентација на Колумбија ја совлада со 3-2 селекцијата на Перу и го освои третото место на годишеното издание на Копа Америка.

Борбата за бронзата на турнирот беше спектакуларна, а Колумбијците до триумфот дојдоа во самата завршница од мечот.
Перу поведе со погодокот во последните секунди од првиот дел, кога Куева му асистираше на Јотун, а овој ја затресе противничката мрежа.

Квадрадо во 49 минута го израмни резултатот, а пресвртот го донесе Луис Диаз во 66 минута.

Перу ја направи завршницата возбудлива. Во 82 минута Лападула погоди за израмнување 2-2.

Кога сите очекуваа продолженија на мечот, во четвртата минута од судиското надополнување Луис Диаз со својот втор гол на мечеот, на феноменален начин, го донесе триумфот на својата селекција.

Големото финале на Копа Америка се игра во недела рано наутро, а ќе се судрат Бразил и Аргентина.

> Колумбија со гол во 94 минута стигна до трето место на Копа Америка <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина