Утрински Весник
Македонија

Се обележува хоризонталната сигнализација во Карпош

Се обележува хоризонталната сигнализација во Карпош

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Во урбаната заедница Карпош 1, денеска започна обележувањето на пешачките и велосипедски делови долж улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“. Општината презема вакви инфраструктурни интервенции првенствено поради фактот што хоризонталната сигнализација придонесува за регулација и зголемена безбедност во секојдневниот сообраќај.

Овие активности, како што соопшти Општина Карпош, ќе продолжат и во претстојниот период и по други населби во Карпош.

– Локалната самоуправа продолжува со унапредување на безбедноста во сообраќајот., кое опфаќа, покрај тековно одржување на хоризонталната и вертикална сигнализација, и воспоставување на нови сообраќајни режими за движење на возилата и граѓаните, при што доминираат еднонасочни улици, се вели во соопштението. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЕФ 2026: Праведната зелена транзиција почнува од потребите на луѓето

Левица: Македонија да ја поддржи годишната резолуција на ОН за Куба – Муцунски да престане да ја изолира државата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Вучиќ се едно исто