Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Усогласувањето со ЕУ и НАТО за војната во Украина нé стави на вистинската страна на историјата

Премиерот Димитар Ковачевски, силно осудувајќи ја воената агресија на Русија која ја оцени како неиспровицирана, неоправдана и како сериозно кршење на меѓународното право, посочи дека како земја-членка на НАТО, заедно со ЕУ, сме обединети во одговорот за поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Војната во Украина покажа дека политиката на отворени врати на НАТО беше историски успех, кој обезбедува траен мир и безбедност на целиот европски континент.

Аналогно на тоа, сметаме дека проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата, и затоа на сите форуми и средби со нашите меѓународни сојузници и партнери истакнуваме дека е од исклучителна важност за Северна Македонија да започне преговори за пристапување во ЕУ. Без натамошни одложувања“, рече Ковачевски во рамки на претставувањето на постигнувањата на Владата за време на 100-те дена.

Можете да прочитате

Клековски на средба со словенечкиот министер за здравство за унапредување на соработката

ВЛЕН: Се решава проблемот со просторните капацитети на УМТ, новиот кампус од 42 милиони евра носи трајно решение

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија