Утрински Весник
Македонија

Ковачевски, Рама и Вучиќ решија – ќе одат во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан

Премиерот на Албанија – Еди Рама денеска на Твитер напиша дека тој, заедно со неговите колеги, македонскиот премиер Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе одат во Брисел и ќе учествуваат на самитот Европска Унија – Западен Балкан.

„Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се слушне за нас, но ќе бараме да бидеме слушнати за идејата за Нова европска политичка заедница која ја поддржуваме, за Отворен Балкан кој го промовира духот на Европа и за нашето киднапирање од Бугарија што сето тоа го уништува. Само што слушнав дека нешто денеска се придвижува во Бугарија. Прерано е за оптимизам и премалку за промена на делот од утрешниот говор каде Бугарија ќе биде критикувана како земја која киднапирала две земји од НАТО додека има жешка војна на европската граница!“ – наведе Рама.

Можете да прочитате

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени

ЦИВИЛ со 80 набљудувачи ќе ги мониторира изборите