Утрински Весник
Свет

Данска најави четврта доза oд вакцината потив корона за лица над 50 години

Данска наесен планира да понуди четврта доза од вакцината против ковид на луѓе постари од 50 години, изјави премиерката Мете Фредериксен, најавувајќи стратегија за борба против ширењето на болеста во наредните месеци.

Иако стапката на инфекција со Ковид-19 е сè уште ниска, Данска забележа зголемување на случаите откако новата подваријанта на омикрон БА.5, за која се чини дека се шири побрзо од другите варијанти, стана доминантна во оваа нордиска земја.

„Не сме изненадени што се појавуваат нови варијанти и што инфекцијата може да се шири побрзо, но сепак се случи порано од очекуваното. И затоа треба да реагираме и затоа дејствуваме сега“, рече Фредериксен.

Таа додаде дека ранливите групи ќе можат да добијат бустер доза веќе следната недела.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови