Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: По седум децении тотална изолација нашата црква е во заедница со сите православни цркви

„Со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на вселенската патријаршија што нè признава под име Орхидска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија“, напиша на својот Фејсбук статус премиерот Димитар Ковачевски.

„Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација“, додава Ковачевски.

На Светиот Синод на Македонската православна црква, на сите православни христијани им честитам за оваа убава вест, додава во текстот премиерот Ковачевски

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите