Утрински Весник
Македонија

Ковачевски му го достави на Џефери предлогот за состав на новата влада

Ковачевски му го достави на Џефери предлогот за состав на новата влада

Мандаторот за состав на новата влада и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави предлог-составот и предлог-програмата за работа на новата влада.

„Денеска го доставив составот на новата Влада и програмата за работа на Владата до претседателот на Собранието. Имаме стабилно мнозинство, усогласена програма фокусирана на решавање на клучните проблеми на граѓаните и тим подготвен да одговори на сите предизивици“, порача Ковачевски на социјалните мрежи.

Ковачевски синоќа на прес-конференција ги соопшти имињата и ресорите кои ќе ги води неговата партија во новиот владин состав.

Можете да прочитате

По видеото на социјалните мрежи: Пронајден напаѓачот на 10-годишното девојче

Зајкова: По 11 дена, случај со седум убоди со нож доби пријава само за „насилство врз дете“

Потврдена казната од 12 години затвор за Стојанче Јовановски