Утрински Весник
Македонија

Казни за 42 возачи за брзо возење на територијата на Штип

Казни за 42 возачи за брзо возење на територијата на Штип

Денеска во периодот од 7:00 до 11:00 на подрачјето на Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле констатирани 42 прекршоци, од кои 33 надвор од населено место и 9 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Кичевски: Раководството на СДСМ изгледа уплашено од новата платформа – Наместо разговор, СДСМ создава нови поделби

„И Здравје и Работа“: Падот на рударството е предупредување – на Македонија ѝ се потребни нови инвестиции, а не нови блокади

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар