Утрински Весник
Македонија

Ковачевски до Фон дер Лаен: Oчекуваме засилен ангажман, ЕК да помогне во деблокирање на процесот

Ковачевски до Фон дер Лаен: Oчекуваме засилен ангажман, ЕК да помогне во деблокирање на процесот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ во Брисел.

На средбата на која присуствувале и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски истакнал дека во наредниот период, за време на претседавањето на Франција со ЕУ, едно од клучните очекувања е засилениот ангажман на Европската Комисија да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Северна Македонија и Албанија.

Во владиното соопштение за средбата се наведува дека Ковачевски како охрабрувачка ја оценил брзата организација на неговата работна посета на Брисел, заради можноста највисоките претставници на ЕУ да бидат запознаени со резултатите од интензивната агенда на дијалогот помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Од билатералната соработка преку пет реботни групи се очекуваат конкретни резултати кои ќе бидат преточени во патоказ кој ќе го забрза процесот за одржување на првата Меѓувладина седница на Северна Македонија со ЕУ. Од исклучителна важност во тој процес е вклучувањето на Европската Комисија и француското претседателство со ЕУ за да се овозможи решенијата да бидат во согласност со европските стандарди и вредности“, истакнал премиерот.

На средбата станало збор и за ефектуирањето на финансиската поддршка од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан за проектите за железницата со Бугарија, за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, за парк за ветерна енергија и за соларна централа, како и за интерконекторот за гасно поврзување на Северна Македонија со Србија.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ