Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс на дружба со фанови на неговиот мотоцикл

Кијану Ривс на дружба со фанови на неговиот мотоцикл

Кијану Ривс беше забележан со некои фанови на неговиот Arch мотоцикл откако застана во Малибу за да се одмори од возењето.

Aктерот е ко-сопственик и ко-основач на мала компанија за производство на мотоцикли, Arch Motorcycles.

Папараците го уловија 56-годишниот холивудски љубимец како разговара со група луѓе во вторникот попладне, додека одмараше од возењето.

Се чини дека ѕвездата на „Матрикс“ е добро расположен додека се дружи со фановите пред да се врати на патот.

Таблоидите потсетуваат дека тој никогаш не бега од своите фанови и секогаш наоѓа начин да комуницира со со нив.

Кијану е еден од ретките во Холивуд кој ја покажува својата човечност и приземност. На сите им се познати сведоштвата за неговите донации, или пак, тоа дека нема проблем да се вози во јавен превоз или да седне на клупа и набрзина да јаде или испие кафе.

Во повеќе наврати е фатен како им помага на бездомници и со нив пие пијалок и разговара.

 

За разлика од оние кои уживаат во гламур, луксузни автомобили и скапи ресторани, Кијану е многу скромен и плени со едноставноста со која зрачи. Тој важи за еден од најприземните филмски ѕвезди, а поголем дел од неговата заработка од најуспешните блокбастери  ги донира за болници и за борба против леукемијата.

 

.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност