Утрински Весник
Македонија

Кичевчанец тешко повреден во сообраќајка со велосипеди

Тешко повредени мотоциклист и велосипедист, казнети 130 пијани возачи

Кичево, 9 мај 2020 (МИА) – На регионалниот пат Кичево – Демир Хисар во близина на селото Пополжани, вчера во 12:45 часот се случила собраќајна незгода во која О.Н. (55) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди и со медицинско возило е префрлен во Општата болница во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој, управувајќи велосипед марка „Каприоло“, со предното тркало удрил во задното тркало на велосипедот што бил пред него, марка „Рог“, управуван од В.П.(54) од Кичево.

Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.рз/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка