Утрински Весник
Македонија

Европратеникот Илхан Кјучук во дводневна посета на земјава на средби со државниот врв

Европратеникот Илхан Кјучук во дводневна посета на земјава на средби со државниот врв

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе има средба со европратеникот Илхан Кјучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија, кој е во дводневна посета на земјава.

Посетата се реализира во пресрет на гласањето кон нацрт – Резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што ќе биде и централна тема на сите средби. Ќе бидат отворени европските перспективи на земјава, како и севкупните состојби со процесот на проширување на Унијата.

Во рамките на посетата, покрај Министерот за надворешни работи, Кјучук ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и други државно – политички претставници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајче Бојковски

Директорот на Царина: Наш највисок заеднички интерес е создавање силни безбедносни коалиции во борбата со илегална миграција и сериозен криминал