Утрински Весник
Свет

Кисинџер: Војната во Украина може да се заврши на три начини

Украинската криза може да заврши на три начини, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектатор“.

Според неговото мислење, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со неговиот главен индустриски и земјоделски регион и појас земја долж Црното Море.

„ Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа (за Русија). Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде пресудна како што претходно се мислеше“, оценува Кисинџер.

Друго сценарио, објаснува тој, би бил обид да се „истисне“ Русија од Крим, кој беше обединет со Русија многу пред почетокот на специјалната воена операција. Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалација на конфликтот.

„ Ако продолжат воените операции, ќе се зголеми ризикот Западот да се најде во војна со Русија“, посочи тој.

Третото сценарио, според дипломатот, предвидува враќање на ситуацијата до 24 февруари, односно до почетокот на специјалната операција.

„ Нерешените прашања ќе се решаваат со преговори. Ситуацијата веројатно ќе биде замрзната уште некое време“, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

Кисинџер претходно изјави дека Украина треба да ѝ отстапи територија на Русија за да го прекине конфликтот.

Можете да прочитате

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци

Анкара подготви десет луксузни Togg лимузини за Самитот на НАТО

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД