Утрински Весник
Свет

Кина има најактивна улога во мешањето на изборите во САД

Кина има најактивна улога во мешањето на изборите во САД
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од сите држави што се обидуваат да се мешаат во изборите во САД, Кина има најголема програма и има најактивна улога во тоа, изјави американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан.

Американските разузнавачки служби открија дека Русија водела кибер кампања за да го промени резултатот од изборите во 2016 година во корист на републиканецот Доналд Трамп, а имаше извештаи дека хакери може да се обидат да влијаат и на претседателските избори во 2020 година. Москва негираше какво било мешање во изборите во 2016 година.

„ На Кинезите, Русите, Иранците и другите, кои не се објавени, им ставивме многу јасно до знаење дека секој … кој ќе се обиде да влијае на изборите во САД ќе мора да се соочи со страшни последици, изјави О’Брајан, кој во август рече дека САД открија дека кинески хакери ја напаѓаат американската изборна инфраструктура.

Кина упорно ги негира тврдењата на американската влада за хакирање на американски компании, политичари или владини агенции.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година