Утрински Весник
Свет

Кина ги претстави најновите воени авиони и дронови

Кина ги претстави најновите воени авиони и дронови

Кина денеска ги претстави најновите воени авиони на аеромитингот во градот Жунхај, кој посетителите ќе имаат можност да го посетат до недела.

На 13-тиот Меѓународен саем на воздухоплови во Кина, воениот акробатски тим остави црвена, сина и жолта трага од чад на небото, додека неговите авиони летаа во формација, пренесува агенцијата АП.

Традиционалниот саем во Жунхај минатата година беше одложен поради пандемијата на Ковид-19.

Посетителите годинава најчесто се вртат околу авионот за електронско војување, воениот напаѓачки хеликоптер и транспортниот авион I-20А.

Владејачката кинеска Комунистичка партија инвестира многу во развојот на борбени авиони, стелт технологија, беспилотни летала и друг хардвер за својата Народно-ослободителна армија.

Според АП, авиомитингот е можност Кина да ги претстави своите беспилотни летала и други авиони пред потенцијалните купувачи од странство, додека се пробива на пазарите во кои доминираат САД и Европа.

Покрај воените авиони, изложени се и голем број цивилни летала, вклучувајќи авиони на електричен погон и летечки автомобил што е „плод“ на мешана кинеско-австралиска компанија.

Можете да прочитате

Русите нападнаа воз во Украина

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар