Утрински Весник
Магазин

Кидман се навраќа на убавите моменти од бракот со Круз

Кидман се навраќа на убавите моменти од бракот со Круз

Актерката Никол Кидман се присети на убавите спомени кои ги создаде со поранешниот сопруг Том Круз на снимањето на еротскиот трилер од 1999 година, „Очи широко затворени“.

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Кидман откри дека во времето кога се снимал филмот била среќно омажена за Круз, па дури и дека одела на картинг трки со него во 3 часот по полноќ по снимањето на некои сцени.

И покрај тоа што глумеа брачен пар кој се бори со неверство, Кидман (53) инсистира на тоа дека улогите во филмот немале никакво влијание на нивниот меѓусебен однос.

„Тогаш бевме среќно венчани“, објасни таа. „Одевме на картинг трки по снимањето на некои сцени, некогаш и трчавме во 3 часот наутро.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување