Утрински Весник
Магазин

Кети Пери ја откри најлошата навика на Орландо Блум

Кети Пери ја откри најлошата навика на Орландо Блум
Ss2

Кети Пери откри дека најлошата навика на нејзиниот свршеник Орландо Блум е да остава искористен забен конец насекаде.

Во текот на гостувањето во британската радио станица „Харт“ во понеделникот (17 јануари), поп ѕвездата го пофали 45-годишниот актер дека одржува фантастична орална хигиена и бисерно бели заби, но имаше помалку убави зборови за неговиот лежерен став во однос на чистење на бањата.

Ss1

Откако беше прашана какви лоши навики има нејзиниот свршеник, Кети (37) им рече на водителките Аманда Холден и Џејми Тикстон: „Тој сака да користи забен конец, што е одлично затоа што некои партнери не го прават тоа, и тој има сјајни заби.“

„Но, тој го остава конецот насекаде! На страната на мојот кревет, во автомобилот, на масата во кујна…и секаде…иако имаме корпи за ѓубре“.

Кети, која има 16-месечна ќерка Дејзи со ѕвездата на „Пиратите од Карибите“, откри дека го прославила Божиќ со своето семејство и дека било прекрасно.

„Тоа беше мојот омилен Божиќ, всушност затоа што ќерка ми сега има 16 месеци и веќе е свесна за подароците и многу се радуваше.

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината