Утрински Весник
Магазин

Кели Озборн гордо ја покажува новата фигура откако ја преполови својата тежина

Кели Озборн гордо ја покажува новата фигура откако ја преполови својата тежина

Кели Озборн неодамна изгуби над 38 килограми со помош на процедура за намалување на желудникот.

36-годишната телевизиска дописничка, ќерка на Ози Озборн, прошета низ бизнис-лоби во Беверли Хилс во средата и ја покажа новата истенчена фигура во лежерно издание, со црни тренирки, бела блуза и црна кожена јакна.

Озборн беше отворена во врска со нејзината долгогодишна борба со вишокот килограми, што ја поттикна да се подложи на тешка процедура – вертикална гастрипластична хирургија за губење на тежината (VBG) – пред две години.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 03 Јули 2026 година

Павле Камилоски и вина од Душа на зајдисонце во х.Олгица на 10 јули

Дневен хороскоп за 01 Јули 2026 година