Утрински Весник
Магазин

Кајли Миног и Џејсон Донован се враќаат во „Соседи“

Кајли Мино и Џејсон Донован се враќаат во австралиската сапуница Neighbors („Соседи“), објавија продуцентите во неделата.

Двете австралиски ѕвезди ја започнаа својата кариера во маратонската серија, која ќе престане да се емитува следниот месец по 37 години.

Кајли и Џејсон се согласија да се појават во последната епизода.

Продуцентската куќа „Фримантл“ се обиде да ја „вдоми“ серијата во Британија, каде со децении има култни следачи, откако Channel 5 објави дека повеќе нема да ја емитува. Сепак, не успеа.

Пред да станат популарни во светски рамки, Миног и Донован глумеа телевизиска двојка во популарната сапуница, и тајно беа пар и во реалниот живот. Таа романса заврши кога Кајли го запозна пејачот на „Инексес“ Мајкл Хаченс.

„Возбудени сме што Џејсон и Кајли се согласија да играат посебна улога во финалето на серијата“, објави извршниот продуцент на серијата Џејсон Хербисон.

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување