Утрински Весник
Македонија

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа  и покрај забраната
Screenshot

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава.

Pet Utrinski

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, објави на „Фејсбук“ дека по извршените контроли на кафе-барот „Интермецо“, вчера вечер, било утврдено истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена.

Screenshot

По извршените контроли на кафе барот „Интермецо”, вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и…

Posted by Саша Богдановиќ on Saturday, October 31, 2020

„Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години“, напиша Богдановиќ.

Тој најави дека Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Наградени најдобрите студенти на УКИМ за учебната 2022/2023 година

Четврток неработен ден за граѓаните од влашката заедница во С.Македонија