Утрински Весник
Спорт

Катарските шеици го напуштаат ПСЖ?

Катарските шеици го напуштаат ПСЖ?

Катарските сопственици се откажуваат од вложувањата во Пари Сен Жермен и ќе го продадат клубот по Светското првенство. Оваа информација ја лиферуваше шпанското телевизиско шоу „Ел Чирингито“, тврдејќи дека шеиците решиле да го напуштат клубот, а меѓу нив и првиот човек на Насер Ал-Келаифи.

Ова го знае наводно и Килијан Мбапе кој е решен да го напушти ПСЖ и да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Одредена е и пазарната вредност на клубот која изнесува 1,5 милијарда евра.

Сепак, веста за заминувањето на сегашната сопственичка структура од ПСЖ брзо беше демантирана со став дека клубот воопшто не размислува за ваква промена и дека ситуацијата ќе биде иста и по завршувањето на оваа сезона.

> Катарските шеици го напуштаат ПСЖ? <

Можете да прочитате

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен