Утрински Весник
Свет

Карантин може да се избегне под еден услов, вели челникот на СЗО во Европа

Карантин може да се избегне под еден услов, вели челникот на СЗО во Европа

Возможно е да се избегне воведување на нови мерки за карантин во Европа, а едно од решенијата за тоа е маски да носат речиси сите граѓани.

Ова го изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција и додаде дека стои зад неговото тврдење оти може да се избегне воведување карантин и дека тоа треба да биде последната опција.

„Ако 95% од граѓаните носат маски, тогаш карантин не би бил потребен“, посочи тој.

Регионалниот директор на СЗО за Европа рече дека основните училишта треба да останат отворени и додаде дека децата и адолесцентите не се поттикнувачи за ширење на вирусот, односно посочи дека затворањето на училиштата не би било ефикасно решение, пренесува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик