Утрински Весник
Спорт

Карагер: Рубен Дијаш е подобар дури и од Ван Дајк!

Карагер: Рубен Дијаш е подобар дури и од Ван Дајк!
Ss2

Џејми Карагер, поранешниот фудбалер на Ливерпул, смета дека Португалецот Рубен Дијаш е убедливо најдобриот централен бек во Премиер лигата, дури и пред ѕвездата на Ливерпул, Виргил ван Дајк, кој го имаше овој епитет пред трансферот на Дијаш.

23-годишниот Дијаш ја препороди одбраната на Сити откако пристигна од Бенфика за 64 милиони фунти минатото лето, носејќи фантастична организација на одбраната која недостасуваше по заминувањето на Винсен Компани. Карагер не можеше да ја скрие симпатијата.

300x250 (7)

„Навистина го сакам! Тој е најдобриот играч во Премиер лигата оваа сезона, навистина го мислам тоа. Имаше огромно влијание на Манчестер сити, и дури кога ќе го гледате како зборува не ви се верува дека има само 23 години. Покрај него е Џон Стоунс, кој има 27-28 години, а изгледа како да е обратно. Ван Дајк? Тој има подобри физички атрибути од Дијаш, но Португалецот работи понапорно за својот успех. Кога го гледаш Ван Дајк, како да гледаш Ролс-Ројс! Повеќето фудбалери го немаат тоа и затоа Дијаш е поимпресивен“, вели Карагер.

Дијаш има 46 меча откако пристигна на „Етихад“ и еден гол, а веќе ја освои и првата титула од Карабао купот со победата над Тотенхем.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк



> Карагер: Рубен Дијаш е подобар дури и од Ван Дајк! <

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале