Утрински Весник
Македонија

Казнети 48 возачи во Липково

Казнети 48 возачи во Липково

Полицијата за еден ден казнила 48 возачи во Липково.

Полициски службеници денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на територија на општина Липково.

Санкционирани се 48 возачи, од кои 35 за возење со брзина над дозволената, а пет за возење без возачка дозвола.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екипи се борат со пожарот кај Никуштак – приоритет е заштита на населените места

Вашингтон го засилува фронтот против зависноста од Кина – Трафигура меѓу компаниите со американска поддршка 

11 возачи уапсени за едно денонoќие, меѓу нив и малолетник