Утрински Весник
Македонија

Казнети 322 возачи во Скопје, од кои 105 за брзо возење

Казнети 322 возачи во Скопје, од кои 105 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 322 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 105 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 13, 20 санкционирани мотоциклисти, 75 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 29 санкции кон пешаци и 34 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.
 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога