Утрински Весник
Македонија

Казнети 269 возачи во Скопје, 32 немале возачка дозвола

Казнети 461 возач во Скопје  

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 32 санкции, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за непочитување на брзина на движење, 14 за користење на мобилен телефон. Изречени се 17 санкции за возење под дејство на алкохол, 21 за некористење на сигурносен појас, шест за непрописно престројување на возила и 64 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Обид за палење дуќан во скопски Центар

Осум лица возеле без да имаат положено, полицијата ги уапси

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА